X
 02.07.2019 Технологија

Основачот на „Википедија“ повикува на бојкот на социјалните мрежи

Во обид да се врати контролата на личните податоци, основачот на „Википедија“, Лери Сенгер, повика на дводневен бојкот на социјалните мрежи, што би значело луѓето да не објавуваат ништо освен најави за штрајк.

- Ќе кренеме голема врева! Групно ќе ги растегнеме мускулите и ќе побараме од тие огромни манипулативни корпорации да ни ја вратат контролата над нашите лични податоци и приватноста - објави Сенгер на својот блог.

Многумина се сомневаат во влијанието и ефективноста на таквиот потег.

Учесниците во штрајкот, исто така, се повикуваат и да ја потпишат т.н. Декларација за дигитална независност, подготвена од Сенгер.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија