X
 06.09.2021 Живот

Во Тетовскиот Регион бојкот на наставата поради дигитализацијата

Одреден број родители на ученици во четврто одделение во Тетовскиот Регион денес не ги пуштија децата на настава откако вчера предупредија дека децата нема да одат на училиште ако не се исполнат нивните барања - обезбедени учебници за нивните деца.

Родители на учениците во Основното училиште „7 Март“ во Милетино, Општина Брвеница, се одлучија на ваков чекор затоа што годинава четвртоодделенците не добија учебници и согласно новата концепција треба да учат од дигитални примероци преку електронски уреди.

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“, која се залага за комбинација на класичен начин со учебник и дигитална варијанта, вели дека никој не е против дигитализацијата во наставата. Таа повикува дигиталната варијанта да биде помошно средство. Книгата да биде главно средство за настава.

- Образованието е бесплатно за сите, а ваму сме принудени да печатиме учебници од стари изветвени и полууништени книги. Учебник е учебник. Немаат сите можности ниту да печатат учебници ниту да купуваат таблети или други уреди за следење на наставата - изјави Ненад Ѓорѓески, родител и член на Училишниот одбор во ОУ „7 Март“ во Милетино.

Mинистерството за образование тврди дека ниту едно училиште не е затворено поради бојкот на наставата во знак на незадоволство од новата програма која од годинава почна да се спроведува во прво и четврто одделени.
Министерката Мила Царовска вели апелираше до родителите и до одредени политички партии да ги тргнат настрана своите лични интереси и да го следат интересот на децата.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот