Колку пати можете да изведете чин на исчезнување? Неограничен број пати, доколку сте кинескиот уметник Лиу Болин.
После една деценија од неговата прва серија фотографии наречена „Hiding in the city“, Лиу продолжи со неговата работа со камуфлажата во различни средини, со цел да се подигне свеста за политички и општествени прашања.
„Секогаш ја користам мојата работа за да ги преиспитам нееднаквоста и нерамнотежата предизвикани од процесот на развојот на човекот“, вели Лиу кој во минатото постојано „исчезнувал“ во позадината на фотографиите.
Оваа недела, неговото студио ја објави „The Future“, фотографијата од него во динамична позадина од сите 193 земји членки на ОН. Меѓу нив се наоѓаат и 17-те цели на ОН - вклучувајќи и „климатска акција“ и „без сиромаштија“.
„Логоата на целите на ОН ги ставив во центарот на позадината. Нивните цели се во согласност со темите на мојата работа. И ОН и јас се насочуваме кон чистата енергија, сиромаштијата, глобалното затоплување и други еколошки проблемИ“.
Соработката со ОН е дел од кампањата за уметници чија цел е да го привлече вниманието на новите цели за одржлив развој, кој официјално ќе биде усвоен од страна на Генералното собрание на ОН во текот на овој месец.
Во изминатите 10 години, Лиу има создадено доста трудови. Тој е добро прифатен во меѓународното друштво, и ја прошири неговата работа со трговските друштва - вклучувајќи соработки и со врвни модни куќи.
Во светот на современата уметност, уметникот кој се базира на меѓународна слава, често пати се соочува со опасноста да го повторува истото дело. Но, се чини дека Лиу не се согласува со ова.
„Никогаш не помислив да престанам да „исчезнувам“. Општеството во кое живееме денес значително се менува секој ден. Позадината која ја користам денес може да ја нема утре. Заота, мислам дека моето дело ќе продолжи да биде вредно со самото развивање на повеќе значајни идеи“.
„Исчезнувањето не е главната цел во мојата работа. Тоа е само метод кој го користам за да ја пренесам пораката. Да им кажам на луѓето дека ако не го промениме начинот на кој живееме или ако не започнеме да обрнуваме внимание, ќе се соочиме со сопствена катастрофа. Тоа е мојот начин да ја пренесам анксиозноста која ја чувствувам за луѓето“.
Линк до галеријата.