X
 27.02.2015 Култура

Најстариот музички инструмент во историјата на човештвото

Кога ќе погледнеме назад во минатото, долго време пред појавата на било каков систем на пишување, ние воопшто не знаеме за формите на музиката која ја сакале праисториските луѓе.

Меѓутоа, со сигурност знаеме дека музиката веројатно била дел од секојдневниот живот на овие луѓе, како што денес е нашата музика, а исто така, постојат и докази за неколку видови на инструменти на кои тие свиреле. Во 2008 година, археолозите открија фрагменти од флејти и мамутски коски близу област во јужниот дел на Германија. Овие инструменти датираат од пред 42.000 до 43.000 години и можеби претставуваат замена за претходните пронаоѓања на флејти кои датираат од пред 35.000 години.

Флејтите биле прецизно созддени, особено флејтата од коска на мамутот, која била вистински предизвик за создавање. Истражувачите велат дека флејтите можеби биле едни од најголемите културни достигнувања кои го претставуваат првиот европски модерен човек (Хомо сапиенс) и неговата предност во однос на Неандерталците.

Голема е веројатноста потценетите Неандерталци да создавале сопствени кавали. Или барем така сугерира откривањето на флејтата направена од бедрена коска на пештерска мечка, која била пронајдена во 1995 година. Резултатите од археологот Иван Турк кој го пронашол овој инструмент близу северозападниот дел на Словенија, велат дека тој е стар околу 43.000 години или 80.000 години.

Праисторискиот инструмент произведува цели тонови и полутонови на дијатонска скала, вели словенечкиот музичар Љубен Димкароски. Всушност на флејтата тој може да свири дел од повеќе композиции од Бетовен, Верди, Равел и други како и неколку импровизации на животински гласови.

Иако археолозите се`уште преговараат дали флејтата е дело на Неандерталците, пронаоѓањата би ги побиле тврдењата дека овие „роднини“ блиски на човекот „не оставиле никакви цврсти докази дека биле музички настроени“.

Без оглед на неговото потекло, се чини дека овој инструмент е човечки артефакт - а не дело на предатори и секако, претставува клучот за отклучување на музичкото изразување во праисторијата.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура