X
 13.04.2018 Живот

Во Скопје може да се живее со помалку од 690 евра месечно, според „Бизнис инсајдер“

Скопје се најде на листата со 26 европски градови во кои може да се живее со помалку од 690 евра месечно. Како што веројатно си претпоставувате, на листата што ја објави „Бизнис инсајдер“ има неколку балкански градови.

Најевтините градови за живот се наоѓаат во Романија, дури седум, пет се во Украина, по три во Русија и во Србија, два во Босна и Херцеговина, два во Бугарија, еден во Македонија, еден во Албанија и еден во Белорусија.

Економската ситуација, културата, но и можностите за вработување се земени предвид при правењето на листата. Според страницата, цените варираат од регион до регион. Месечните трошоци од 690 евра всушност се една третина од трошоците на жителите на Лондон, а половина од трошоците на луѓето што живеат во Манчестер, Глазгов или во Ливерпул.

Листата со градови во кои е можно да се живее пристојно со месечни примања помали од 690 евра изгледа вака:

26. Сараево, Босна и Херцеговина - 680 евра

25. Казањ, Русија - 672 евра

24. Новосибирск, Русија - 670 евра

23. Варна, Бугарија - 644 евра

22. Темишвар, Романија - 661 евро

21. Нижни Новгород, Русија - 660 евра

20. Јаш, Романија - 652 евра

19. Тирана, Албанија - 636 евра


Фото: Pixabay

18. Бања Лука, Босна и Херцеговина - 627 евра

17. Минск, Белорусија - 622 евра

16. Пловдив, Бугарија - 620 евра

15. Сибињ, Романија - 617 евра

14. Скопје, Македонија - 614 евра


Фото: Pixabay

13. Брашов, Романија - 610 евра

12. Нови Сад, Србија - 600 евра

11. Орадеја, Романија - 594 евра

10. Арад, Романија - 583 евра

9. Киев, Украина, 565 евра

8. Кишинев, Молдавија - 560 евра

7. Одеса, Украина - 557 евра

6. Ниш, Србија - 542 евра

5. Крајова, Романија - 530 евра

4. Приштина, Косово - 502 евра

3. Харков, Украина - 469 евра

2. Лавов, Украина - 465 евра

1. Днепар, Украина - 450 евра


Фото: Wikipedia
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот