X
 17.09.2015 Образование

Времето за учење е на наша страна

ucenici

 

Имате една минута? А 218 минути? Тоа е просечното време кое студентите од OECD (Organisation for Economic Co-operation and Development) земјите трошат на математика секоја недела (иако за некои се чини како да поминала цела вечност. Кога станува збор за студентите од Чиле, тие трошат колку два пати од износот на тоа време (400 минути или 6 часа и 40 минути) секоја година на еден матаматички час. Но, кој брои?


Всушност, PISA во 2012 година побара од студентите да пријават колку време тие поминуваат часовите по математика, читање и наука - трите основни предмети кои ги оценува PISA. Истражувачите сакале да откријат дали учениците трошат повеќе или помалку време на час отколку нивните соученици пред една деценија и дали постои некаква врска со износот на времето поминато на час и перформансите и резултатите на ученици.

Од истражувањето, направено во земјите од OECD, 15 годишните ученици во просек поминуваат 13 минути повеќе на часовите по математика во 2012 година отколку во 2003 година. PISA откри дека часовите по математика во сите видови на училишта - и јавни и приватни, и пониски и подобри, и урбанизирани и рурални покажаа ваков резултат. Учениците од Канада и Португалија неделно поминуваа 1.5 часа повеќе на математичките часови отколку нивните соученици во 2003 година, додека учениците од Норвешка, Шпанија и Америка поминуваа половина час повеќе.

PISA исто така откри дека учениците во училиштата во кои поминуваат повеќе време на наставата по математика, имаат тенденција да бидат подобри на PISA тестот по математика.

Но ако повеќе е подобро во овој случај, тогаш социо економски загрозените студенти испуштаат многу. Ова особено е вистинито за часовите по наука. Во земјите од OECD, учениците во училиштата поминуваат 36 минути помалку на часовите по наука отколку нивните соученици во подобрите училишта. А во Аргентина, Јапонија и Тајпеј, учениците во полошите училиште поминуваат 76 минути помалку на часовите по математика од учениците кои учат во подобри училишта.

Се разбира, времето се мери во квалитет; доколку оние екстра минути на часовите по математика не се исполнети со добра наставна програма која е предавана од иновативен и мотивиран наставник, тогаш повеќе време е само губење време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование