Прилично сме сигурни дека одењето на училиште за повеќето ученици е напор отколку задоволство како и на тоа дека строгите правила постојат за да бидат прекршени.
Детските психолози се согласуваат дека промената на пристапот кон образование би им помогнало на многу деца да го засакаат училиштето наместо да го мразат. Всушност, поголемиот дел од децата кои одат во градинка, едвај чекаат да започнат на училиште, меѓутоа веднаш после првиот училишен ден, голем дел од нив се разочаруваат од училишниот систем и нивната возбуда исчезнува.
Училишните реформи во никој случај не се едноставен процес, туку сложена работа која треба да ги допира сите делови на образованиот систем, па и пошироко од тоа. Идеалното училиште би било она во кое децата би сакале да го посетуваат. Ова училиште би поттикнувало креативност и соработка и кое во процесот на учењето ќе ја вклучи целата заедница.
Ваквото училиште постои. За жал, не се наоѓа во Македонија, туку во Финска.
Во училиштето Сауналахти, во градот Еспо во Финска, пронајден е генијален начин за надминување на сите горенаведените проблеми. Најпрво почнале со училишната зграда која воопшто не изгледа како училиште туку како совршено осветлен музеј.
Експертите од архитектонското студио „Verstas“ се оддалечија од вообичаениот строг дизајн на јавните училишта, што никој од нас не може да го поднесе.
Во непосредна близина се наоѓа основно училиште, средно училишта, градинка, клуб за млади, театар, кафетерија, сала за вежбање и многу други објекти. Наставата се одвива во релаксирана атмосфера: на децата им е дозволено да седат каде сакаат и на кој начин сакаат, а меѓусебното дискутирање меѓу учениците не само што не е забрането, туку е и поттикнато.
Учениците можат да се движат низ училницата со нивните мали канцелариски столчиња. Ако сакаат можат да легнат на троседот со компјутерот пред нив. Всушност, ова училиште наместо класични табли има лап топи. Поголемиот дел од наставата се одвива по концепт на тимски проекти.
Во кафетеријата се среќаваат учениците и наставниците и тоа е исто така дел од образовниот процес. Постои и простор кој служи за разни претстави, средби и прослави.
Отворените простории на училиштето се специјално дизајнирани за да им овозможат на учениците доволно простор за нивните активности. Просторот е поделен на дел за основците и дел за средношколците.
Во ентериерот и екстериерот на објектот ахритектите користеле само природни материјали со што постигнале топла и пријатна атмосфера. Дури и надворешните ѕидови се изградени со различни методи на изградба за да ги стимулираат децата да учат. Во просториите наменети за игра и одмор, ѕидовите се обоени со светли бои. Секој ходник кој води до одредена училница е обоен со различна боја, па е невозможно ученикот да се изгуби.
Надворешниот простор на училиштето внимателно е поврзан со внатрешните ходници предвидени за секоја група. Дизајнерите исто така веруваат дека било какви огради и ѕидови ќе ги поттикнат децата да се побунат против ограничувањето па затоа целиот простор е целосно отворен.
Големите прозорци на училиштето гледаат директно на улица, што на учениците им овозможува чувство на поврзаност со надворешниот свет. Местото на кое децата седат се наоѓа веднаш до прозорците за децата да не се чувствуваат затворени во четири ѕидови.
Во училиштата кои отстапиле од традиционалниот образовен модел, децата побрзо и подобро учат, а и им се намалуваат различните психолошки проблеми инаку присутни во традиционалната настава. Истовремено, модерните училишта можат да трансформираат цело соседство бидејќи нудат многу активности за целата заедница.