X
 18.09.2015 Живот

Какво време не` очекува за време на викендот што следува?



Петок во Македонија ќе ни донесе уште еден сончев и многу топол ден. Според очекуваните максимални температури ќе биде најтоплиот ден во оваа седмица. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 11 до 21 степен, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 28 односно до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје во петок ќе биде сончево и многу топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - И во Македонија во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло но максималните температури ќе опаднат и ќе се движат од 26 до 36 степени. Во недела претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне и навечер нестабилно со врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 24 односно до 34 степени.

Осетен пад на температурите и нови врнежи од не очекуваат во понеделник. Максималните температури ќе се движат во интервал од 14 до 24 степени. Идентични максимални температури се очекуваат и во вторник, но ке преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, и без врнежи од дожд.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот