Една анкета спроведена на најбогатите луѓе денес објавена од страна на „Knight Frank Research“ ги открива градовите во кои најбогатите луѓе најчесто одлучуваат да живеат. Причината за нивната преселба се повеќе фактори, како економијата, политиката и квалитетот на животот. Кои се овие градови?
Лондон
Лондон е финансискиот центар на светот, поради што е привлечен за богатите индивидуалци. Лондон е на врвот во поглед на економската активност, културните можности и квалитетот на живот, а во него има многу луксузни домови и можности за образование.
Њујорк
Њујорк е уште еден сакан град од светската елита, а тој се наоѓа на второто место по популарност за најбогатото население. Во поглед на квалитетот на живот, Њујорк се наоѓа на третото место.
Хонг Конг
Хонг Конг е растечки град во поглед популарноста меѓу најбогатите индивидуалци. Меѓу другото, во Хонг Конг има најголем процент автомобили „Rolls-Royce“ по жител, а тоа кажува нешто.
Сингапур
Сингапур го има вториот најдобар квалитет на живот во светот и се наоѓа на 5-то место во поглед на економската активност. Тој е најбрзо растечки град во значење меѓу богатите во последните 20 години и има највисок БДП по жител во светот.
Шангај
Значењето и влијанието на Кина врз светската економија продолжува да расте, а со тоа расте и популарноста на финансискиот центар во земјата, Шангај. Градот ги нуди најдобрите хотели, ресторани, културни настани и луксузни сместувања во Кина. Се смета дека Шангај ќе биде најважниот град во светот до 2050 година.