Судбината на град кој нема да постои по сто години затоа што потонал звучи прилично тажно. Следните градови тонат, но нивните власти прават сѐ за да ги задржат над водата, а дали ќе успеат, времето ќе покаже.
Џакарта
Секоја година
главниот град на Индонезија тоне. Причината за ова е прекумерно испумпување вода и ако работите продолжат со ова темпо, до 2050 година голем дел од градот ќе биде под вода. Сепак, индонезиската влада, наводно, одобрила план за преместување на главниот град од сегашната локација, но проблемот е како да се спроведе. Ова би заштитило 10 милиони жители од поплави, а целата работа би чинела многу и би траела десетина години.
Венеција
Италијанската убавица ни е добро позната на сите и познати ни се сцените и снимките кога беше поплавена. И покрај различните начини и техники што властите ги користат за да го запрат тонењето, Венеција сè уште тоне, а пред неколку недели жителите повторно се соочија со поплави. Во секој случај, веруваме дека ќе се најде спас и дека туристите сепак ќе можат да уживаат во магијата на градот.
Фото: Freepik
Хјустон
„Хјустон, имаме проблем!“ - овој тексашки град тоне, а причината е иста како и кај Џакарта - прекумерно испумпување вода, поради што се раселија десетици илјади луѓе.
Лагос
Некогашната нигерска престолнина исто така се соочува со тонење. Имено, се наоѓа многу ниско и се предвидува дека дури и мало покачување на нивото на морето би имало катастрофален ефект врз градот. Ако нивото на морето продолжи да се зголемува поради глобалното затоплување, Лагос многу брзо ќе мора да смисли начин како да се соочи со овој проблем.
Бангкок
Ситуацијата е далеку од идеална во главниот град на Тајланд, кој може да има огромни проблеми за десет години. Имено, високите облакодери што се изградија доведоа до ситуации земјата сама да се распаѓа. Како ќе се реши овој проблем, ќе видиме за неколку години.
Извор:
Punkufer.dnevnik.hr
Фото: Freepik