X
 17.12.2022 Наша тема

Лизгалишта, елки, базари - и покрај енергетската криза, главните градови на земјите во регионот светнаа пред празниците

Се приближуваат новогодишните и божиќни празници, а насекаде во регионот веќе е накитено. Главните градови во земјите од околината изгледаат прекрасно овој декември, и покрај енергетската криза.

Скопје, Македонија: Украсувањето почна на 15 декември

Во Скопје украсувањето почна на 15 декември, а градоначалничката Данела Арсовска најави содржини за најмалите, новогодишен базар во центарот на градот, мини-забавен парк и новогодишна програма иако нема да биде во онаа мера како минатите години со оглед на енергетската криза.

Белград, Србија: Главниот град на Србија ќе биде осветлен до 15 јануари 2023


1
Фото: Facebook

1
Фото: 24sedam/Goran Sivački

3
Фото: 24sedam/Goran Sivački

Новогодишните светилки во Белград, кои почнаа да се поставуваат деновиве, ќе бидат поставени на 65 локации, значително помалку места од претходните години. Поради актуелната енергетска состојба, главниот град ќе „свети“ до 15 јануари 2023 година.

Софија, Бугарија: 11 божиќни базари во главниот град

Годинава Софија ќе има вкупно 11 божиќни базари, од кои осум нови. Во центарот на Софија на 1 декември беше отворен Леден парк со лизгалиште изграден по модел на познатото лизгалиште на виенскиот Ратаусплац, а светлата на софиската новогодишна елка беа запалени на 1 декември со специјална церемонија.



Атина, Грција: Елка висока 21 метар поставена на плоштадот „Синтагма“

Елка висока 21 метар, осветлена од 40.000 светилки долги пет километри и декорирана со стотици украси, беше поставена на први месецов на плоштадот „Синтагма“ во Атина.

Фото: amna.gr

Годинава низ улиците на Атина се ставени повеќе од 120 километри светилки, што е за 15 километри повеќе од лани.




Тирана, Албанија: Многу рекреативни активности и украси

Тирана нуди многу рекреативни активности за време на празниците. Така, во главниот град на Албанија во декември има божиќни базари, лизгалишта, но и улиците се украсени.


Целиот град е украсен со светилки за време на празниците започнувајќи од 6 декември. Првиот божиќен базар е отворен од 4 декември. На плоштадот „Скендербег“ има „празнично село“ со дрвени куќички.


Фото: Erion Veliaj



Фото: Erion Veliaj


Фото: Erion Veliaj

@xhesika_____ Christmas in Tirana, Albania. 👐🏼❤️ #visittirana #tirana🇦🇱 #albania #christmas #christmastree #travelugc ♬ Snowman (Sia) [Sped Up Version] - sped up nightcore

Приштина, Косово: Светилки на сите страни

Видеа од социјалните мрежи покажуваат дека е украсено и во Приштина. Може да се забележат светилки и елки на трговски центри и јавни згради, како и божиќен базар и елка.

@angry.eagles fav time of the year, in Prishtina 🎄#prishtina #kosovo #christmas #2023 #night #snow #fyp #viral #tiktok ♬ R o c k i n A r o u n d - 𝚙𝚑𝚘𝚎𝚋𝚎 ⋆ 𝟾𝟸𝚔


@arber06s Prishtina 🇽🇰 🇦🇱 #fyp #viral #prishtina #kosovo #christmas #place #visit #fypシ #fypシ #tiktok #city #foryoupage #lights #nights #hoolidays ♬ Jingle Bell DRILL VERSION - KYXXX

Фото: Perparim Rama


Фото: Perparim Rama


Фото: Perparim Rama

Сараево, Босна и Херцеговина: Украсено уште од ноември

Главниот град на Босна и Херцеговина е украсен од крајот на ноември. Поставен е божиќен базар и може да се забележи светлосно украсување низ градот, а тоа го покажуваат разни фотографии од локални медиуми.

@ninahalilovic09 #advent #adventnastupu#christmas #christmastime #christmasiscoming 🎄❤️ #lovethistimeofyear #sarajevo #bosnaihercegovina #fyp #viral #viralvideo ♬ Christmas song "Let's decorate" - 3KTrack


@inviereno December in Sarajevo ❄️🎊 #sarajevo #christmas #december #love #2022 #sarajevocity #bosnia #christmasdecorations #decoration ♬ It's Beginning to Look a Lot like Christmas - Michael Bublé


Фото: Benjamina Karic

Загреб, Хрватска: Над 25 базари

Загреб ги има некои од најубавите божиќни базари во Европа, а низ градот има над 25 такви. За време на празниците целиот град се претвора во зимска бајка. Фотографии и видеа од социјалните мрежи покажуваат дека градот е украсен со прекрасни декорации и светилки. Во центарот на градот има и лизгалиште.



@beautiesofcroatia 📍Zagreb, Croatia #christmas #zagreb #croatia #beautiesofcroatia ♬ We Wish You A Merry Christmas (TikTok Version 1) - Elsa Japasal

Фото: Grad Zagreb


Фото: Grad Zagreb

Љубљана, Словенија: Изложби и концерти на отворено

Љубљана е еден од најубавите европски градови за време на божиќните празници. Во градот има божиќен базар и прекрасни светлосни декорации. Се одржуваат и разни настани, како изложби и концерти на отворено. 

@mersaddonko Advent in Ljubljana, Slovenia 2022 🎄🎄🎄🎄🎄🎄 #slovenia #advent #ljubljana #christmas #christmasmarket #christmas2022 #traveltiktok #traveltok #winter2022 ♬ Everyday Is Christmas - Sia


Фото: Feel Slovenia


Фото: Feel Slovenia


Фото: Feel Slovenia


Фото: Feel Slovenia


Фото: Feel Slovenia

Извор: Bizlife.rs | News.gtp.gr | Blic.rs | 24sedam.rs | amna.gr
Подготвил: Драгана Петрушевска | Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наша тема