X
 19.09.2015 Образование

Штрајк во сите хрватски училишта и факултети


Четири синдикати од сферата на образованието и науката во Хрватска донеле одлука за штрајкување од наредната недела. Имено, во рамките на овие синдикати се наоѓаат сите установи за основно, средно и високо образование.

На заедничкиот состанок на синдикатите (Синдикатот на хрватски учители, Независниот синдикат на вработени во средни училишта на Хрватска, Независниот синдикат на науки и високо образование и Синдикатот на вработените во хрватското образование „Препород“) донеле одлука за штрајк од 25 септември.

Штрајкот ги опфаќа сите установи од основно, средно и високо образование. Синдикатите бараат повисоки плати за вработените во образованието.

Владата на Хрватска одби да преговара со нив пред изборите, поради што е донесена одлуката за штрајк.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование