X
 11.10.2016 Образование

„Се грижи ли некој што образованите луѓе ни бегаат низ светот?“

Мала држава сме и луѓето за нас се редок ресурс. Токму затоа се прашувам – се грижи ли некој што образованите луѓе ни бегаат низ светот и дали некој има намера тоа да го спречи (?)



-    Знаеме ли зошто ни заминуваат најдобрите? Затоа што тука не се вреднува знаењето, најталентираните ги исмеваат дека се бубалици и за нив речиси никогаш нема место во државните институции. Во развиениот свет, знаењето се третира како првокласен производ. Нашите генијалци, Тесла и Пупин, за жал, заминаа да го зголемат технолошкиот потенцијал на Америка. 

-    Образованието тука е апсолутно потценето. Како може наставничка по математика да го задржи својот авторитет кога со платата не може да си го поправи забот, а децата се подбиваат со нејзината штрбавост. Кога од сите страни се шири пораката дека учењето не е во мода. Од друга страна, пак, имаме повеќе магистри и доктори на науки отколку новороденчиња. Нештата ќе се променат единствено ако стотина наши најдобри дипломци од сите области очекуваат работно место. Треба да посадиме општествено семе, но да знаеме што точно садиме. Зошто да ги школуваме луѓето, ако најдобрите ни замимуваат, а на важните места се примаат луѓе со сомнителни квалификации.

Миодраг Зец, професор по економија    


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование