Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го започнува првиот уписен рок за академската 2026/2027 година, а идните студенти можат да се пријават идната недела: на 18, 19, 20 и 21 август 2026 година.
Според
Конкурсот, на прв циклус – додипломски студии, УКЛО нуди вкупно 2.115 слободни места, и тоа: 1.074 места во државна квота, 612 места за кофинансирање и 429 места за вонредни студии.
Можност за избор има на повеќе факултети и студиски програми:
Технички факултет – Битола: 370 места
Факултет за информатички и комуникациски технологии – Битола: 250
Технолошко-технички факултет – Велес: 112
Економски факултет – Прилеп: 202
Факултет за туризам и угостителство – Охрид: 261
Педагошки факултет – Битола: 245
Факултет за безбедност – Скопје: 225
Правен факултет – Кичево: 150
Факултет за биотехнички науки – Битола: 95
Ветеринарен факултет – Битола: 25
Висока медицинска школа – Битола: 180
Со изборот на УКЛО, студентите стануваат дел од академска заедница од над 4.000 студенти, но и од поширока европска мрежа преку членството во Европската универзитетска алијанса КОЛОРС, која обединува повеќе од 120.000 студенти https://uklo.edu.mk/colours/.
Квалитетната настава, практичните искуства, можностите за студентска мобилност, меѓународната соработка и учеството во европски програми се дел од можностите што ги нуди УКЛО. Токму во тој контекст, од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола посочуваат дека новата академска приказна за идните студенти може да започне со првиот уписен рок, што ќе се реализира од 18 до 21 август 2026 година.
(Комерцијална објава)