„Нутела“ е еден од омилените производи на јавноста во последните години. Тогаш, зошто постојано му го изговараме името погрешно?
Имено, според службената страница на брендот, името на брендот се изговара „нјутела“, наместо „нутела“. Италијанскиот произведувач „Фереро“ изјавува дека не сака да ја присилува јавноста да го изговара производот на одреден начин.
Сепак, фановите од целиот свет останаа зачудени од изјавата на компанијата.
Во делот за често поставувани прашања, компанијата напиша дека „Nutella (која се изговара нјутела) е вкусна, единствена комбинација на пржени лешници, одбрано млеко со додаток на какао. Nutella не содржи вештачки бои и конзерванси.“