X
 12.05.2016 Култура

Колку било популарно вашето име кога сте се родиле?

Дознајте дали вашето име е модерно или станува збор за традиционален избор на вашите родители. Лоши вести за сите нови бебиња кои се викаат Софија.


Името, иако се` уште е популарно, не е повеќе модерно, барем не за новороденчињата сега, дознаваме од нови податоци за имиња од Социјалната безбедносна администрација во САД.

Од 2011 до 2013 година, Софија бил најпопуларен избор за женските бебиња, но во 2014 и 2015 името паднало на третото место, веднаш по Ема и Оливија.

За да откриете колку било популарно вашето име кога сте биле родени или колку станало популарно оттогаш, внесете го полот, годината на раѓање и името. Потоа ќе добиете податоци за вашето име и категоријата во која се наоѓа според популарноста.

Социјалната безбедносна администрација ги објавува сите имиња кои се појавуваат најмалку пет пати во една година во САД. Имајте предвид дека податоците се однесуваат за САД, па популарноста на едно име во САД се разликува од популарноста овде.

Проверете ја популарноста на вашето име ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура