Иако важи за една од најважните букви во светот, сепак никој не е сигурен што таа значи.
На почетокот на iPhone, „i“ воглавно се однесувала за интернет, иако не целосно, а приказната за тоа како стигнала буквата до името, е малку покомплицирана.
Во 1988 година со iMac започна почетокот на модерниот Apple. Претставувајќи го компјутерот, Стив Џобс изјавил дека е насочен на главната употреба за она што корисниците велат дека сакаат да го користат компјутерот, а тоа е интернетот.
Потоа започнал централниот дел во рекламирање на компјутерите. „Иако ова е чистокрвен Macintosh, нашата цел е овој компјутер да стане број еден за корисниците за она поради кое тие велат дека сакаат компјутер, а тоа е да бидат на интернет - едноставно и брзо“, изјавил тогаш Џобс. „И токму за тоа е создаден производот“.
Но, далеку од тоа дека со тоа било објаснето значењето на буквата „и“ во името на популарните технолошки призводи.
Џобс покажал и слајд со бројни различни наслови: интернет, индивидуалец, инстурира, информира, инспирира.
„i“ значи и некои други работи за вас. Ние сме компанија која произведува персонални компјутери, а иако овој производ е роден за мрежа, тој е и убав и самостоен производ. Наменет е и за образование. И совршен е за потребите на наставата - изјавил Џобс.
Компанијата започнала да ги брендира скоро сите свои производи со оваа буква. Софтверот како што е iTools и хардверот iPod исто така ја имаат оваа буква. На крајот буквата го најде своето место и во името iPhone, производот кој има сличен ефект како и iMac.
Името iPhone се покажа како контроверзно име, што довело до правна постапка со Cisco, бидејќи и тие имаат производ со такво име.
Префиксот можеби го изгубил сјајот во последните неколку години. Голем дел од новите производи на Apple вклучувајќи го и Apple TV и Apple watch имаат нови имиња, изоставувајќи го „i“ целосно.