Нова камера направена на Технолошкиот институт во Масачусетс може да направи трилион фотографии во секунда. Споредете го тоа со традиционалната филмска камера која прави само 24.
Со новата камера, научниците може да го снимат најбрзото нешто во универзумот - светлината. Во видео објавено од институтот гледаме експериментална снимка од светлосните фотони кои патуваат низ вода. Сето тоа се случува во една наносекунда, но камерата може да го успори на 20 секунди.