X
 20.11.2021 Наука

Прекрасно 4К видео од Сонцето направено од 78.846 фотографии на НАСА

Режисерот Шон Доран искористил сет од 78.846 преработени „AIA ANgstorm 171“ фотографии од соларната динамичка опсерваторија на НАСА за да создаде драматично тајмлепс-видео што трае 48 минути од Сонцето додека тоа се движи во текот на еден месец.

Оваа опсерваторија НАСА ја користи за набљудување на Сонцето, по нејзиното лансирање на 11 февруари 2010 година. Опсерваторијата е дел од програмата „Ливинг вит а стар“, а целта на програмата е да се проучат аспектите на системот Сонце-Земја што директно влијаат врз животот и општеството на планетата.

sonce
Фото: NASA/SDO/Goddard Space Flight Center

Сонцето емитува светлина во сите бои, но бидејќи жолтата е најсветлата бранова должина од него, тоа е бојата што ја гледаме. Специјализираните инструменти можат да ја набљудуваат светлината многу подалеку од опсегот видлив со голо око. Различните бранови должини пренесуваат информации за различни компоненти на површината и атмосферата на Сонцето.



Извор: Petapixel.com
Фото: NASA/SDO/Goddard Space Flight Center
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука