X
 08.05.2017 Култура

Зошто Макрон победи на претседателските избори во Франција?

Емануел Макрон предизвика политички земјотрес во француската политика.

макрон
Фото: Getty Images

Пред една година, тој беше член на владата на еден од најнепопуларните француски претседатели во историјата.

Сега, на 39 години тој победи на претседателските избори во Франција, победувајќи го прво мејнстрим центар лево и центар десно и сега екстремната десница. Како тој успеа да победи на изборите?

Имаше среќа


Нема сомневање, за дел од победата на Макрон може да се каже дека е „виновна“ судбината.

Јавниот скандал го исфрли почетниот фаворит, централно-десничарскиот кандидат Франсоа Фијон; а кандидатот на социјалистите, Беноа Хамон се здоби со јавен пораз кога традиционалните гласачи не се насочија кон него.

„Имаше многу среќа бидејќи беше соочен со ситуација која беше целосно неочекувана“, вели Марк-Оливие Падис од „Terra Nova“.

Беше претпазлив

Среќата не ја раскажува целата приказна.

„Тој можеше да предвиди дека ќе му се отвори можност, во моментите кога никој не можеше да го предвиди тоа“, вели Падис.

Тој ги анализираше политичките движења кои се појавија насекаде низ Европа - „Podemos“ во Шпанија, „Five-Star“ во Италија - и виде дека не постои еквивалентна партија во Франција која би имала толкава политичка сила.

Во април 2016 година го основал движењето „En Marche!“, а четири месеци подоцна даде отказ од владата на претседателот Франсоа Оланд.

Ѝ даде свежина на Франција


Со основањето на „En Marche“ во Франција воведе нешто свежо и нешто што претходно го немало.

„Кампањата користеше алгоритми од политичка фирма која работела (доброволно) за кампањата на Обама во 2008 година - да се идентификуваат области и населби кои се најрепрезентативни за Франција како целина“, вели новинарката Емили Шултес.

„Тој испрати 300.000 луѓе на терен, да затропаат на вратите на гласачите“.

izbori
Фото: Reuters

Волонтерите не делеа само флаери - тие направија 25.000 интервјуа од по 15 минути со гласачите ширум земјата. Информациите добиени од интервјуата биле внесени во голема база на податоци која на кампањата ѝ помогнаа да се информира за приоритетите.

„Тоа беше голема фокусирана група која го проучуваше мислењето на народот. Групата обезбеди гласачите да бидат информирани и да имаат контакт со движењето на Макрон уште од самиот почеток“, објаснува Емили.

Имаше позитивна порака


Макрон имаше статус на „дојденец“ - поранешен штитеник на претседателот Оланд и тогашен министер за економија; центрист со радикална програма да го намали јавниот сектор. Ова беше совршена муниција за пораз на Марин Ле Пен.

Иако Ле Пен се обиде да му ја залепи етикетата „уште еден Франсоа Оланд“, Макрон успеа да креира профил кој успеа кај луѓето кои беа очајни за нешто ново.

„Постои големо песимистичко расположение во Франција, а тој доаѓа со многу оптимистичка и позитивна порака. Тој е млад, полн со енергија. Не објаснува што ќе направи за Франција, туку покажува како луѓето ќе добијат можности. Тој е единствениот кандидат со ваква порака“, изјави во една прилика Марк Оливие Падис.

francija
Фото: Getty/AFP

Неговиот противник беше Марин Ле Пен

Наспроти оптимистичката и енергична порака стоеше Марин Ле Пен чиј говор изобилуваше со „анти“ - анти имиграција, анти ЕУ, анти-систем.

Митинзите на Макрон одекнуваа со поп музика, додека масовните собири на Марин Ле Пен беа преполни со демонстранти кои фрлаа шишиња, а можеше да се забележи и големо присуство на полиција и темна публика.

ТВ дебатата на 3 мај беше прилично жестока со низа навреди од двете страни.

Таа беше „големата свештеничка на стравот“, со иста екстремистичка позадина како нејзиниот татко, додека тој беше пион на социјалистите, опасна алатка на глобалните финансии кој ќе направи сè што ќе побара Меркел.

Но, многу Французи беа вознемирени од потенцијалната дестабилизација која би ја предизвикал екстремно-десничарски претседател. Можеби Ле Пен водеше високо ефективна кампања, но нејзиниот рејтинг опаѓаше во последните неколку месеци. Иако таа беше во предност минатата година, Макрон за само две недели успеа да ѝ ја одземе.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура