X
 15.10.2018 Технологија

Забрзајте ја работата на вашиот телефон за помалку од 5 минути

Кога е нов, секој телефон работи совршено и без кочење, но со текот на времето работите многу лесно можат да се влошат.

Ако сте забележале дека вашиот „Андроид“ телефон работи побавно од порано, не мора да размислувате за купување нов, туку со овие трикови обидете се да го забрзате.

Исчистете ги кешираните податоци (30 секунди)


Вашите апликации постојано кешираат одредени податоци, што би требало да го забрза вашиот телефон, но ако тој нема доволно простор, овие податоци може да почнат да прават проблеми.

Еве како да ги исчистите кешираните податоци:

- Отворете „Settings“, изберете „Storage“, изберете ја опцијата „Cached data“ и притиснете „OK“.

Исклучете ги анимациите (1 минута)

Анимациите прават нашите интеракции со оперативниот систем да изгледаат подобро, до моментот кога телефонот ќе почне да забавува со работа. Тогаш анимациите почнуваат да изгледаат како видео што кочи.

2
Фото: Telegraf.rs


Ако анимациите повеќе не се пуштаат без кочење, тогаш со нивното исклучување ќе го ослободите процесорот и ќе го забрзате телефонот.

Еве како да ги исклучите:

Одете во „Settings“, изберете „About phone“ и потоа 7 пати допрете ја опцијата „Build number“ - набрзо  ќе се појави порака дека сте го активирале менито „Developer options“. Вратете се во „Settings“ и одете во „Developer options“. Деактивирајте ја опцијата „Windows animation scale“. Повторете го ова и со oпциите „Transition animation scale“ и „Animation duration scale“.

Отстранете ги или деактивирајте ги „bloatware“ и апликациите што не ги користите


Доколку не користите одредени апликации, избришете ги и така ќе ослободите простор на телефонот. Еве како:

Одете во „Settings“ и изберете „Apps“. Пронајдете ја апликацијата што сакате да ја избришете и допрете ја. Секоја апликација прикажува колку простор зазема на телефонот, така што во истиот момент ќе знаете колку простор сте ослободиле од телефонот. Изберете „Uninstall“ и потврдете дека сакате да избришете.

Отстранете ги „widgets“ (30 секунди)


„Widgets“ се одлична работа што ја нуди „Андроид“ бидејќи ви дозволуваат да вршите одредени интеракции со вашите апликации, а притоа да не мора да ги отворате. Иако ви заштедуваат време кога вашиот телефон е нов и брз, со текот на времето можат да го забават.

Еве како да се справите со нив:

Изберете „widget“ што сакате да го избришете од екранот на вашиот телефон. Допрете го со прстот и држете го некое време. Ќе ви се појави „Remove“ и „Аpp Info“ мени на врвот на екранот. Извлечете го во кантата за ѓубре на екранот.

Оптимизирајте го пребарувачот „Хром“ (30 секунди)


Податоците покажуваат дека околу 90 отсто од корисниците на „Андроид“ телефони користат „Хром“ за пребарување на интернетот.

Со негова оптимизација значително ќе го забрзате вашиот телефон. Еве како:

Отворете ја апликацијата. Допрете го менито во горниот десен агол (3-те вертикални цртички). Отворете „Settings“ и одете во „Data saver“ и активирајте ја оваа опција.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија