X
 27.09.2015 Наука

Зошто треба да останете будни за супермесечината денес?

Доколку погледнете кон небото денес на него ќе имате можност да видите два небесни феномени - целосно лунарно затемнување и таканаречената супермесечина.


Што е супермесечина?

Тоа е моментот кога полната месечина истовремено се наоѓа на најблиската точка до Земјата на својата орбита. Попрецизно, полната месечина вечерва ќе биде оддалечена 356.000 километри од Земјата, а обично е 382.900 километри.

Зошто оваа е посебна?

Бидејќи се совпаѓа со целосното затемнување на Месечината, поради што Месечината ќе добие црвеникава боја. Оттаму терминот „крвава Месечина“.

Кога ќе може да го видиме овој феномен?

Вечерва околу 18 часот ќе ја видиме полната Месечина, која ќе ни изгледа особено голема. Од 20 часот до 5 часот наутро ќе гледаме стандардна супермесечина, која ќе биде поголема за приближно 14% од нормалната полна Месечина.

Целосното затемнување ќе трае само два часа и од Македонија ќе се гледа од 03.30 до 05.30 часот наутро. За разлика од целосното затемнување, затемнувањето ќе биде видливо подолг период, и тоа од целата Земјина топка.

Кога ќе има следен ваков настан?

Следната супермесечина ќе ја гледаме на 14 ноември во 2016 година, а целосното затемнување во 2018 година. Совпаѓањето на затемнувањето и полната месечина ќе се случи некаде во 2030-те години.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука