Заоѓањето на сонцето за нас е прилично неверојатен феномен што нуди извонреден поглед. Но, кога се наоѓаат во вселената, астронаутите имаат можност да видат 16 заоѓања и изгрејсонца на сонцето.
Астронаутката Ен Меклејн од НАСА, која моментално се наоѓа на Меѓународната вселенска станица, на „Твитер“ објави прекрасна снимка од заоѓањето на месечината.
- Кога нè прашуваат како се забавуваме на Меѓународната вселенска станица, повеќето од нас велат: „Гледаме низ прозорецот“. Ова е причината зошто - пишува Ен на нејзиниот твитер-профил.