Вчера Месечината се „лизна“ пред Сонцето и привремено го претвори денот во ноќ во поголемиот дел од Северна Америка.
Затемнувањето на Сонцето постави интересно прашање: Дали лилјаците, кои се ноќни животни, се збунија од ненадејниот почеток на темнината и дали излегоа од своите живеалишта во текот на денот?
- За време на затемнувањето на Сонцето, многу животни покажуваат однесувања поврзани со раниот самрак - вели Бабак Тафреши, истражувач од „Нешнл џиографик“ и фоторепортер кој документирал 13 затемнувања на Сонцето уште од 1995 година.
На пример, познато е дека штурците свират, птиците пеат, а жабите крекаат кога Месечината се вкрстува со Сонцето. Некои животни го перципираат затемнувањето како кратка бура која брзо се движи кога небото се затемнува. Ова е причината зошто некои животни се засолнуваат и владее необична тишина за време на затемнувањето на Сонцето.
Исто како што телото на човекот има нејасно чувство за тоа кога е време да се разбуди, телата на лилјаците се приспособени на нивната околина. Лилјаците кои живеат во пештери особено се потпираат на тие знаци, бидејќи нивните живеалишта може да се целосно темни, без оглед дали е ден или ноќ.
Ова е причината што Родриго Меделин, експерт и истражувач, се сомнева дека популациите на лилјаци со поголема изложеност на светлината имаат поголема веројатност да одговорат на затемнувањето отколку другите лилјаци.
На пример, бразилските лилјаци кои ја населуваат долната страна на мостот на Конгресната авенија во Остин, Тексас, искусуваат повеќе сончева светлина од лилјаците од истиот вид што живеат во пештерите.
- Тешко ми е да замислам дека лилјаците што живеат во пештери ќе забележат или ќе се грижат за целосното затемнување додека живеат во темните пештери - вели Винифрид Фрик, главен научник во резерватот „Бат конзервејшн интернешнл“.
Извор:
National Geographic
Фото: Freepik