X
 17.03.2023 Наука

НАСА го откри новиот вселенски костим

Големите, надуени бели костими што ги носеле Нил Армстронг и неговите колеги од „Аполо“ пред половина век веќе не се во мода. Сега се бара нешто посоодветно и поудобно за астронаутите.

НАСА во средата го претстави првиот прототип за новодизајнираниот вселенски костим од следната генерација, специјално скроен за првите астронаути што се очекува да стапнат на површината на Месечината во следните неколку години.

Најновиот костим беше прикажан во вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон на настанот организиран за медиумите и студентите од „Аксиом спејс“, компанија која го направи костимот за „Артемида“, програмата-наследничка за слетување на Месечината.

НАСА и Канадската вселенска агенција планираат да објават кои четворица астронаути се избрани да летаат наредната година на „Артемида 2“, уште една мисија за одење и враќање. Доколку е успешен овој лет, ќе се отвори патот за планираната астронаутска експедиција на „Артемида 3“ на површината на Месечината. Ова ќе биде првата мисија што ќе испрати жена да оди на Месечината.

Бил Нелсон, шеф на НАСА, изјави дека новите вселенски костими ќе отворат можности за повеќе луѓе да ја истражуваат Месечината.

Облеката што ќе ја носат астронаутите на „Артемида“ ќе изгледаат поинаку од гломазните скафандери од минатото.

Брендирани од „Аксиом“, новите костими се порационализирани и пофлексибилни од старите, со поголем опсег на движење и варијабилност во големината. Дизајнирани се да одговараат на широк спектар на потенцијални носители, со што одговараат на најмалку 90 отсто од машката и женската популација во САД.

Сепак, прецизниот изглед на костимите остана строго чувана деловна тајна. Компанијата соопшти дека костимите што астронаутите ќе ги носат на јужниот пол на Месечината ќе бидат бели бидејќи тоа е најдобрата боја за да се рефлектира сончевата светлина на површината на Месечината и да се заштити астронаутот од екстремна топлина.

Извор: The Guardian
Фото: NASA/Twitter
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука