X
 28.09.2015 Култура

Судбината која секоја година ја имаат 14 милиони девојчиња низ светот

Верувале или не, сè повеќе девојчиња низ светот се принудени да стапат во брак прерано против своја волја.


Стефани Синклер е фотографка која направила серија од фотографии на оваа тема со цел да собере средства за намалување на бројот на продадени девојчиња за брак.

Низ фотографиите на Синклер може да се видат приказни за девојче кое на 11 години било продадени за 60-годишен маж за хероин или за девојче кое било омажено на 14-годишна возраст откако останала бремена.





Податоците покажуваат дека секоја година, дури 14,2 милиони девојчиња присилено стапуваат во брак пред да наполнат 18 години. Поголемиот дел од девојките и девојчињата се од сиромашни семејства чии родители ги продаваат.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура