Некогаш талибанското упориште беше место кадешто жените беа лишени од своите основни права, а образованието за девојчињата беше забрането.
Денес во градовите низ Авганистан, жените можат да излегуваат надвор без да бидат придружувани од своите сопрузи и татковци, тие можат да работат, а девојчињата можат да одат на училиште, па дури и на факултет.
Меѓутоа, расти стравот меѓу групите за правата на жените дека нивната слобода е загрозена од новиот бран на религиозни училишта кои се отвораат низ целата земја.
Кундуз во северниот дел на Авганистан е петти град по големина и дом на едно од најконтроверзните училишта: Ашраф-ул Мадарес. Околу 6.000 девојчиња го посетуваат ова училишето исклучиво да го учат Куранот. Нив ги учат наставници кои се мажи - наставниците не смеат да остануваат насамо со девојчињата, а задолжително е носење на целосен хиџаб.
Во документарниот филм „The girls of the Taliban“, режисерите добиваат пристап до внатрешноста на ова училиште, и се запознаваат со девојките и нивните семејства.
Special series - The Girls of the Taliban by aljazeeraenglish