Потрагата по хемикалии што би можеле ненамерно да активираат делови од мозокот одговорни за репродуктивните функции идентификува соединенија со кои многумина од нас може да се сретнат во нашата средина, нагласувајќи потенцијален предизвикувач за раниот пубертет кај девојчињата.
Еден од нив е мошусовиот мирис, што некогаш вообичаено се користел во машките мириси, кој бил забранет од Европската Унија, но сепак може да се најде во производите што се продаваат низ поголемиот дел од светот.
Во минатиот век просечната возраст на менарха (почеток на менструацијата) и развојот на градите забележува надолен тренд. Иако постојат јасни расни и социо-економски фактори, овој феномен е глобален и брз за да биде генетски, па научниците си го поставија прашањето за тоа кои фактори на животната средина би можеле да предизвикаат вакви рани промени.
Додека многу истражувања бараат кандидати кои би можеле да бидат причина за оваа прерана зрелост, истражувачите од американскиот национален институт за здравје и Универзитетот „Норт Вестерн“ избраа да го фокусираат своето пребарување околу мрежата на неврони во хипоталамусот за кои е познато дека играат клучна улога во управувањето со почетокот на пубертетот.
Иако механизмите на овој процес не се целосно сфатени, се смета дека во него е вклучен невропептид наречен киспептин.
Наместо да бараат знаци на нарушување во примерок од волонтери, истражувачите користеле култура на ткиво растено во лабораторија за да ги проверат фактите на различни супстанции врз активноста на невроните на гонадотропин-ослободувачки хормон (GnRH) и киспептинот на клетките.
Од голем број супстанции што биле тестирани се издвоило едно соединение: „мошус амбрета“. Оваа супстанција може да се најде во козметиката и во машките мириси, а беше забранета од ЕУ во текот на 90-тите години по доказите за неговата невротоксичност кај стаорците. Но, супстанцијата продолжува да се синтетизира во Индија и во Кина.
Таа денес е поретка во комерцијалните производи, благодарение на препораките на Меѓународната асоцијација за мириси. Но, бидејќи е отпорна на деградација, продолжува да ја има во животната средина, што може да претставува сериозна, постојана загриженост.
Понатамошното тестирање врз човечки клетки и клетки од глувци покажува потенцијал овој мирис да поттикне делови од мозокот да излачуваат хемикалии што би можеле да предизвикаат пубертет на порана возраст.
Она што на површина може да изгледа како тривијален тренд има значителни последици врз јавното здравје, со зголемен ризик од психолошки проблеми, кардиоваскуларни болести и рак на дојка поврзани со раниот почеток на пубертетот. Во комбинација со истражувањата кои откриваат дека и дебелината и промените во исхраната може да придонесат за намалување на просечната возраст на менарха и развој на градите, можно е голем број фактори да влијаат врз тоа како созреваат детските тела.
Извор:
Science Alert
Фото: Freepik