X
 14.09.2016 Култура

Мастер клас со кинематограферот Џон Сил на фестивалот "Браќа Манаки"

„Треба да ја зграпчите публиката, да ја вовлечете во филмот и да не и’ дозволите да излезе“, вели познатиот кинематографер и гости на овогодишниот ИФФК „Браќа Манаки“, Џон Сил, кој денеска одржа мастер клас во Битола.

 

1


Познатиот австралиски кинематографер зборуваше за почетоците на неговата кариера како фотограф и снимател во телевизиските студија во Австралија.

„Во 60 –тите години, во Австралија занимавањето со фотографија и со снимање не се сметаше за сериозна професија, требаше да се работи некоја „вистинска“ работа, но јас едноставно го сакав тоа. Работевме многу напорно во тоа време, камерите беа огромни, се снимаа првите реклами и тв серии, но тоа беше добар тренинг, имавме многу слобода и тоа беше апсолутно фанатастично“, рече Сил.

Сил ги потенцира разликите во австралискиот и американскиот систем на подготовка на филмовите. Тој заклучи дека Австралија дава поголема креативна слобода за кинематограферите. Според него филмот не треба да се прилагоди на стриктна и предвидлива техника на снимање, туку самото снимање треба да биде во чекор со содржината на филмот.

 

3


„Не сакам да бидам таков кинематографер што работи толку предвидливо, па кога ќе го видите филмот веднаш знаете за кого се работи и без да му го прочитате името. Се обидувам да работам на вариететни филмови и да го прилагодам начинот на снимање на самиот филм и содржината, наместо филмот да го прилагодувам кон светлото. Треба да ја зграпчите публиката, да ја вовлечете во филмот и да не и’ дозволите да излезе“, вели тој.  

Kaко кинематографер името на Сил се појавува во некои од најголемите филмски остварувања, а неговото најново беше „Mad Max: Fury Road“. Меѓу неговата филмографија се наоѓаат филмови како „The tourist“, со Анџелина Џоли и Џони Деп во главна улога, „Prince of Persia: The sands of time“, „Harry Poter and the Sorcerer's Stone“, „The talented Mr.Ripley“, „The English Patient“, љубовната драма „City of Angels“, „Dead Poets Society“ и многу други.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура