X
 07.10.2015 Култура

Спектакуларен проект за обнова на аеродромот на југословенската армија


Реставрацијата на старите згради и нивното претворање во места за живот или посета на одреден начин станува тренд во последниот период. Една таква приказна има тука на Балканот.

На неодамна одржаниот 50 загребски салон за архитектура бил претставен проект на авторката Анета Мудроња Плетенац за реконструкција и ревитализација на стариот воен подземен аеродром во Желјава. Архитектката го замислила напуштениот воен објект како место за нови културни содржини. Замислен е концепт со кој заборавениот простор повторно ќе им се приближи на луѓето.





Европскиот центар за култура на летањето „Мали принц“, како што е именуван, би требало да стане место со кој ќе се покрие празнината која се наоѓа меѓу военото наследство и неактивниот капитал кој може добро да се искористи.





Инаку, воениот аеродром започнал да се гради во 1954, а бил користен од 1968 до 1992 година.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура