X
 08.10.2023 Живот

Фотограф составил фотографија сите четири супермесечини во 2023 година

Индискиот фотограф Соумјадип Мукереџи успеал да направи една фотографија од супермесечините на 3 јули, на 1 август, сината месечина на 30 август и полната месечина на 29 септември.

Мукереџи објаснува дека фотографиите се дел од тековниот проект во кој тој ги фотографира сите полни месечини секој месец од годината.

- Секогаш е посебно чувство да се фотографираат супермесечини бидејќи изгледаат поголеми и посветли од другите полни месечини. 2023 година е возбудлива година со оглед на тоа што има четири последователни супермесечини помеѓу јули и септември, заедно со супер сина месечина во август - вели тој.

Што е супермесечина?

Вообичаената дефиниција за супермесечина е секоја полна месечина која е на растојание од најмалку 90 отсто од перигејтот (точката во која Месечината е најблиску до Земјата). Јунската полна месечина се наоѓа на 357.568 километри оддалеченост.

НАСА вели дека супермесечината изгледа околу 17 отсто поголема и 30 отсто посветла од најбледата месечина во годината, кога е најдалеку од Земјата во нејзината орбита. Супермесечините се релативно ретки, се случуваат три до четири пати годишно и секогаш последователно.

Извор: Peta Pixel
Фото: Soumyadeep Mukherjee/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот