X
 07.10.2023 Живот

Фотограф успеал да ги фати метеорите, Млечниот Пат и биолуминисценцијата на една фотографија

Во овој модерен свет на „Фотошоп“ и вештачка интелигенција, лесно е да се направи лажна фотографија. Но, еден фотограф се труди да ја одржува во живот филозофијата дека камерата ја произведува најубавата фотографија.

Фотографот Џеј Шах неодамна направи спектакуларна фотографија со повеќе природни феномени на неа, вклучувајќи ги метеорскиот дожд Персеиди, галаксијата Млечен Пат, биолуминисценцијата во водата, зајдисонцето на Тихиот Океан и бродолом.

- Фаќањето толку природни феномени во една експозиција е уникатно. Јас не мешам фотографии, ниту правам композити. Нема сликање на пејзажот и подоцна мешање со следното ноќно небо. Сметам дека поединечните експозиции се неверојатни - вели фотографот.

 
Извор: Petapixel.com
Фото: Jay Shah/Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот