X
 30.03.2023 Образование

Норвешките факултети веќе не се бесплатни за странските студенти

Норвешкиот парламент одлучи да воведе школарина за сите нови странски студенти. Ова се однесува на сите студенти од земји членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија.

Одлуката беше донесена од страна на Владата на Норвешка во октомври, а парламентот ја усвои на 24 март. Ола Бортен Мое, министерка за истражување и високо образование, изјави дека досега Норвешка беше една од малкуте земји што нудеа бесплатно високо образование за странски студенти, иако норвешките студенти плаќаат школарина во повеќето други земји.

- Од она што го знаеме, нема други европски земји кои не им наплаќаат на студентите што доаѓаат надвор од ЕУ, освен некои германски сојузни држави. Нема причина зошто да биде различно во Норвешка - изјавила министерката.

Според одлуката, странските студенти во Норвешка ќе плаќаат за студирањето започнувајќи од есенскиот семестар. Школарината ќе биде одредена од секоја образовна институција. Исклучок ќе бидат одредени групи студенти, како бегалци, студенти на размена, докторанди итн.

Според последните податоци, во 2022 г. во Норвешка студирале 3.943 странски студенти од земји надвор од ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија. Најголем дел од нив се од Кина, САД, Иран и Бангладеш.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Универзитет на Осло/Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование