X
 12.10.2015 Економија

Нобеловата награда за економија доделена на Ангус Дитон

ekonomija

 

Овогодинешната Нобелова награда за економија му е доделена на Ангус Дитон од Универзитетот Пристон за неговата анализа на потрошувачката, сиромаштијата и социјалната помош.


Дитон потекнува од Единбург Шкотска, а има двојно американско-британско државјанство.

Истражувањето на победникот се фокусираше на создавање на алатки за мерење на сиромаштијата во земјите во развој. Дитон исто така истражувал детално и за влијанието на здравјето и благосостојбата поради економскиот развој.

„За да се дизајнира политика која промовира благосостојба и намалување на сиромаштијата, најпрво треба да се разбе индивидуалниот избор на поторшувачка. Повеќе од било кој друг, Ангус го засили ова сфаќање“, велат од комитетот за Нобелова награда.

Запрашан од медиумите во Стокхолм како се чувствува кога му кажаа дека ја доби наградата, тој вели: „Прилично бев поспан“.

Професорот признава дека знаел дека неговата работа може да биде призната од комитетот но изјави дека бил шокиран и воодушевен кога му кажале дека ја добил Нобеловата награда. Себеси се опиша како некој кој се занимава со сиромашните во светот и изјави дека е многу задоволен што токму неговата област е призната во 2015 година.

„Моето досегашно истражување се фокусира на детерминантите на здравјето во богатите и сиромашните земји, како и во мерењето на сиромаштијата во Индија и низ светот“, пишува на неговиот профил на веб страната на Универзитетот Принстон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија