X
 06.10.2015 Наука

Кои се тројцата научници кои ја освоија Нобеловата награда за медицина?

Тројца научници - Вилијам Кембел, Сатоши Омура и Ту Ју ја освоија годинешната Нобелова награда за медицина, за нивните откритија во борбата против маларијата и другите тропски болести.

 

награда


Вилијам Кембел, бил роден во Ирска и воспоставил долга кариера во Америка. Сатоши Омура е јапонски научник чиешто откритие го револуционизира лекувањето на некои од најкатастрофалните паразитски болести.

Ту доби пофалби за своето истражување во врска со терапијата против маларијата и стана дел од 12-те женски добитници на Нобеловата награда за медицина.

Судиите објаснија дека работата на Омура кој анализирал примероци од почвата во Јапонија заедно со последоватолните истражувања на Кембел, довело до развој на аверкметин, лек кој помогна во радикалното намалување на инфекцијата предизвикана од црвни паразити кои напаѓаат милиони луѓе во Африка и Азија.

Во меѓувреме тие откриваат како Ту истражувала низ античката литература за хербалните лекови како дел од нејзините напори да пронајде нови наоди за нова терапија против маларијата.

„Овие две откритија на човештвото му дадоа ново силно средство за борба против овие болести кои ги погодуваат стотици милиони луѓе годишно. Последиците во смисла на подобрување на здравјето на човекот и намалување на страдањата се немерливи“, процени Комитетот.

Нобеловата награда за медицина беше првата Нобелова награда која беше објавена во 2015 година. Наградите за физика, хемија и литература треба да бидат прогласени оваа недела - и тоа Нобеловата награда за достигнувања во книжевноста ќе биде прогласена во четврток на 8 октомври, Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок на 9 октомври, а за економија на 12 октомври. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука