Во новата книга, „Grave New World“, Стивен Кинг вели: „За добро или лошо, Кина е едноставно премногу голема за да биде игнорирана.“
Економскиот свет е загрижен за износот на долгот кој го има најнаселената земја во светот. Проблемот не е во директниот долг на владата, или пак дефицитот. Проблемот е што долгот е од страна на државните компании, односно компаниите кои ги поседува државата.
Министерството за финансии на Кина предупредило дека некои локални власти се борат за да „скрпат крај со крај“, бидејќи се заробени помеѓу поддржување на локалните бизниси и трошоците поврзани со реформирање на регионалните економии.
Долгот на Кина се зголемува и веќе претставува опасност, сметаат економистите. Кога Кина најави послаба економија од очекуваната во 2016 година, светските берзи и цените на производите паднаа. Во 2010 година, економскиот раст во земјата се движел околу 10 проценти, а сега околу 6 и 7 проценти.
Експертите стравуваат дека постои недостаток на економски реформи. Сепак, Кинеските обврзници растат, додека инвеститорите бараат повисока премија за ризикот што го имаат заради финансирање на владините обврски.