X
 14.10.2015 Образование

Како Кина планира да стане глобална сила во високото образование?

Во Кина живее речиси 20% од светското население. Како толку голема земја, Кина има огромно влијание на економијата во целиот свет. Покрај тоа, Кина се смета и за машина за развој кога станува збор за високото образование. Земјата е важна и за економијата во глобалното високо образование.


Кина станува поатрактивна за студентите

Во 2014 година, на универзитетите во Кина студирале речиси 380.000 студенти од повеќе од 200 различни земји. Речиси 35% од тие студенти биле сместени во Пекинг или Шангај, а 56% од нив студирале преку програми за пократок престој. Во 2010 година, кинеското Министерство за образование ја претстави програмата „Студирај во Кина“, со која би се привлекле 500.000 студенти до 2020 година. Во рамките на програмата се доделуваат стипендии за јазик, програми на англиски и се овозможува лесно вработување за странските студенти.

Економските проблеми нема да го погодат образованието

Во 2014 година, 1,7 милиони кинески студенти биле запишани на студии низ светот. Само таа година, 459.800 Кинези ја напуштиле земјата за да студираат надвор. 92% од нив сами се финансирале притоа. Побарувачката за образование надвор ќе остане силна.

Меѓународните проекти ќе се множат

Во 2014 година, речиси 600 кинески универзитети работеле во соработка со странски институции за да понудат повеќе од 1.100 програми за студии. Се подготвуваат нови иницијативи за зголемување на можностите за студии и живот во Кина.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование