X
 29.01.2020 Образование

Земјата што го нуди најдоброто образование за идните лидери на светот

Рангирањето „Најдобрите држави за 2020“, кое анкетирало 20.000 луѓе од целиот свет, оцени дека Обединетите Арапски Емирати се најдобра земја за студирање во странство.

Листата „Најдобра земја за образование“ се заснова на три фактори - дали државите обезбедуваат висококвалитетно образование, дали имаат добро развиен систем на јавно образование и дали луѓето размислуваат да одат на факултет таму.

Велика Британија, Канада, Германија и Франција се распоредени од второто до петтото место. Преостанатите топ-10 земји што се сметаат за најдобри за образование се во Европа, а една земја ѝ припаѓа на Австралија.

Швајцарија, Шведска, Холандија и Данска се најдоа на шесто, осмо, деветто и десетто место.

САД заедно со Кина доминираат во извештајот за најдобри глобални универзитети на „Ју-ес њуз & Ворлд рипорт“.

obrazovanie

Рангирањето ги наведува и најдобрите земји за студирање во странство, а Обединетите Арапски Емирати ја зазедоа највисоката позиција за 2020 година. Малезија, која минатата година се најде на прво место, оваа година се спушти на 11. место.

Веднаш по ОАЕ се Јужна Кореја, Кина, Индија и Турција.

Најдобрите земји за студирање во странство биле избрани врз основа на одговори од над 8.500 возрасни лица под 35 години. Од нив било побарано да ги рангираат земјите врз основа на нивната културна пристапност, забава, број на културни атракции, дали размислуваат да одат на факултетите таму и дали станува збор за земја што обезбедува висококвалитетно образование.

- И покрај историските трендови што покажуваат дека САД и Велика Британија се земји што привлекуваат најмногу меѓународни студенти секоја година, перцепцијата на младите ги рангира земјите од Азија со помалку воспоставени, но ветувачки економии, како најдобри земји за студирање во странство - се вели во извештајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование