X
 14.11.2015 Образование

14-годишното девојче кое го развива образованието во Авганистан

Војната продолжува во повеќе различни делови од Авганистан, а битките меѓу владините сили и Талибанците оставаат милиони без вода и уште толку без образование.


Иако е забележано подобрување по падот на Талибанците, земјата сè уште има проблеми со обезбедување на образование за повеќе од 4 милиони деца. Една млада активистка се обидува да му помогне на населението во нејзината околина со држење часови на деца.

14-годишната Азиза Рахимзада живее во еден од најсиромашните региони на Кабул, место каде се сместени бегалци од повеќе различни провинции. Азиза работела напорно за да донесе вода во живеалиштето и започнала да организира часови за помладите деца.

Таа е номинирана за Меѓународната награда за мир за деца за годинава.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование