Во тек е аплицирањето за третата Start UP академија, организирана од Summer Work and Travel Alumni Macedonia. Start Up Академијата е уникатна 7 месечна претприемничка обука спроведена преку 5 тридневни семинари низ повеќе градови во Македонија, а има за цел развивање на претприемачки/кариерни вештини и развивање на бизнис идеи во оперативни бизниси. Во текот на академијата, учесниците се стекнуваат со потребните вештини за: започнување и водење на сопствен бизнис, презентирање на сопствената идеја пред потенцијални инвеститори, создавање на мрежа на деловни контакти, деловно комунуцирање и преговарање, детално изучување на финансиска анализа според софтвер создаден од тимот на академијата како и вмрежување со ментори од различни области кои ќе им помогнат на учесниците во развојот својата бизнис идеја.
Покрај едукација, целта на академијата е сите учесници да имаат развиени бизнис планови и да бидат подготвени да аплицираат на локални, но и меѓународни натпревари за добивање средства за започнување на нивните бизниси. Академијата завршува со традиционалната Smart Up конференцијата, на која учесниците имаат уште една можност да ги презентираат нивните бизнис идеи пред потенцијални инвеститори, но и пред публиката составена од преставници на македониски компании и други релевантни институции.
Исто така пред мрежата на бизнис ангели на
CEED кои се наши партнери и поддржувачи, учесниците на Академијата ќе имаат можност да ги презентират своите бизнис идеи и да се изборат за потенцијална инвестиција, а два тима на учесници две години по ред победија на глобалниот натпервар -
ALUMNI ENGAGEMENT INOVATION FUND.
Во изминатите две години 55 учесници успешно ја завршија оваа Академија, а дел од нив започнаа сопствен бизнис или се вработија во македонските компании. Повеќе детали за
академијата и за
успешните приказни.
ЕКСКЛУЗИВНА МОЖНОСТ:
За сите оние кои што ќе аплицираат најдоцна до 25 октомври ќе имаат можност бесплатно да бидат дел од дводневната викенд обука во Ноември, Хотел Holiday Inn Скопје за развивање “soft skills” спроведена од
Sam Vaghar, извршен директор и основач на
Millennium Campus Network. Побрзајте и искористете ја оваа можност.
Оваа година само 25 учесници ќе имаат можност да бидат дел од академијата, затоа бидете креативни и иновативни и најдоцна до 31 октомври
испратете ја Вашата бизнис идеја.
За условите на аплицирање и можностите кои ги нуди Start UP академијата, можете да се информирате на следниот линк:
http://swtalumnimk.com/start-up3/
*Видете што кажаа минатогодишните учесниците за Start Up Academy: