Фото: Pixabay
Пронаоѓачот Томас Едисон еднаш рекол: „Научив педесет илјади начини на кои нештото не може да се направи и со тоа сум педесет илјади пати поблизу до конечниот успешен експеримент“.
Денес, голем број експерти од технолошката индустрија се потпираат на советот на Едисон и ја прифаќаат неговата филозофија за неуспехот со цел конечно да победат.
Вообичаената мудрост на Силициумската долина вели дека постои поголема шанса генијалните идеи на повеќето основачи да исчезнат отколку да успеат. Така што, фактот дека неуспехот е предуслов за евентуален успех треба да биде добредојдена вест за аспиративните технолошки претприемачи.
„Само 10 отсто од стартапите ќе постојат во период од 5 години - околу 17.000 од овие компании нема да постојат до 2022 година“, велат експертите.
Секако, вистинската вредност доаѓа од учењето од вашиот неуспех - или по можност од некој друг.
Во продолжение се пет причини за кои поголемиот дел од стартапите не успеваат, а постои и една клучна состојка за нивниот успех.
1. Немаат доволно пари
Сите знаат дека бизнис претпријатието без доволно пари е осудено на пропаст. Постојат голем број области во кои стартапите може да се заплеткаат во овој навидум едноставен дел од сложувалката. Првата пречка: успешно движење на инвестициско поле. Ова не вклучува само создавање на ефективен финансиски план, туку и ефективно менаџирање на трошоците во секојдневното работење.
Со тоа кажано, парите не се сè - дури и за стартап компаниите.
2. Бавно растење
Растењето на компанијата и достигнување до висока вредност е сон на повеќето основачи. Но тоа ако не се случи за брзо време, можно е воопшто да не се случи. Недоволниот моментум за одржување на растот може да ги натера новите фирми да не обезбедат средства потребни за одржување на следната фаза. И не само тоа - стартап компаниите ризикуваат да станат невидливи и за клиентите, што е рецепт за губење на удел на пазарот на конкурентите.
3. Пребрзо растење
Секако, многу стартап компании страдаат од истиот синдром како и многу тинејџери: сакаат да пораснат пребрзо, а брзото растење доаѓа со голем број пречки.
Една таква пречка е искушението да се предвидат здодевните делови од развојот на деловните канали, менаџирање со готовинскиот тек и секојдневните операции.
4. Нема пазар за производот
Ставањето на производот или услуга на пазарот пред да се утврди дека има место за него изгледа како дебитантска грешка. Како што покојниот Џобс еднаш рекол: „Многупати, луѓето не знаат што сакаат, додека не им покажете“.
Иако секој основач се надева дека неговата идеја ќе биде следната најдобра работа, реалноста е многу посурова.
„Не секој почеток ќе започне со револуционерна идеја што ќе го освои светот. Всушност, повеќето нема да бидат. Најуспешните нови компании наоѓаат начини повторно да создадат нешто што е веќе на пазарот“, велат експертите.
5. Исклучување од надворешниот свет
Во суштина, секој што е фокусиран на идејата, производот, неговата работа, до целосно исклучување од надворешниот свет, може да го пропушти сето она што клиентите му го укажуваат. Овие претприемачи ќе станат несвесни за трендовите и конкуренцијата на нивниот пазар, а недостигот на знаење за конкурентите е замка што предизвикува неуспех за самата компанија.
Причината поради која успеваат 10 отсто од стартап компаниите
Кој е нивниот клуч за успех? Бил Грос, основачот на технолошкиот инкубатор „Идеалаб“ вели дека основачите треба длабоко да се нурнат во приказните на нивните вработени - некои успешни, некои не.
На почетокот Гроз верувал дека идеите биле клучот до
успехот. Меѓутоа откако ги анализирал податоците, открил дека идеите, иако се високо на листат, не се најважниот фактор. На крај, тој заклучил дека тајмингот е одреден фактор во успехот на компании како „Ејрбнб“, „Убер“ и „Јутјуб“, како и неуспехот на други компании.