Фото: Pixabay
„Вајбрејт“, словенечка платформа наменета за поврзување на музичарите, агентите и организаторите на случувањата, која функционира на принципот исплата на хонорар во криптовалути, за помалку од пет минути успеала да собере 10 милиони долари.
Станува збор за криптовалутна верзија на традиционалната иницијална јавна понуда на акциите за која вложувачите покажале голем интерес без оглед на тоа што станува збор за старт-ап компанија која постои само две години.
Продадени се сите 120 милиони криптовани монети, што значи дека имаат доволно средства за своето искуство во следење на влијанието на маркетинг-активностите врз популарноста на музичарите да го претворат во компанија која ќе заработува на обработката на големи количини податоци и конвертирање на истите во корисни статистички информации.
„Во моментот имаме мрежна база на податоци и уникатен екосистем од 120.000 музичари и 50.000 случувања. Сакаме да направиме профили за сите во музичката индустрија, а потоа сите ќе ги поврземе на заеднички пазар и ќе им ги дадеме сите алатки за интеракција со помош на крипти“, вели Васја Вебер, еден од коосновачите.
Тие се
фокусирани на поагресивно претставување на најголемите светски ѕвезди, при што соработката со Роби Вилијамс и „Линкин Парк“ е веќе готова.