X
 17.11.2016 Технологија

Стартап компании кои ќе ја креираат иднината

Лондонската конференција насловена како Hello Tomorrow Global Summit, по трет пат годинава ги собира научниците, академците и иноваторите од областа на технологијата на иднината за да се дискутираат и презентираат идеи, и моментални и планирани проекти на едно место.

технологија


Од 4000 апликанти од околу 100 земји во светот кои се натпреварувале за Hello Tomorrow Challenge пред конференцијата, биле избрани најдобрите и поканети во Париз, а 10 стартап компании се бореле за победа во финалето на самиот настан во Франција.

Еве ја листата на иноваторите на иднината:

1. Lilium Jet е германска компанија која победила на финалната трка за креирање на приватен авион кој е целосно електричен, и кој полетува и слетува вертикално – прв од својот вид во светот. Од компанијата тврдат дека тој ќе патува со 400 км/ч и со двајца патници, а авионот се планира да биде произведен до јануари 2018 година. lilium-aviation.com

2. White Labе е победник во категоријата за квалитет на воздух со технолошки пронајдок за следење на алергени. Sensio AIR е сензор за прв, полен, мувла, како и за прикажување на моменталните индекси за квалитет на воздухот. wlab.io

3. Blitab доаѓа од австриска компанија и е таблет за лица со оштетен вид, кој овозможува читање и пишување со Брајово писмо. blitab.com

блитаб браиле таблет

4. Калифорниската компанија Koniku сака да произведе компјутерски чипови со биолошки делови од човечки мозок. Имено, неврони креирани во лабораторија се поставуваат во компјутерски чипови за да се добие помоќен процесор. koniku.io

5. H2GO Power е технологија за производство и чување на водород и доаѓа од Универзитетот во Кембриџ. Пронајдокот е алтернатива за Lithium-ion батериите. h2gopower.com

6. Британската компанија SafetyNet развила мрежа за риболов што му овозможува на рибарот да ја фати вистинската риба со помош на светлина. sntech.co.uk

7. NovaGray е француска стартап компанија што развила тестови кои им се од помош на онколозите да идентификуваат кога пациентите може да имаат несакани ефекти од терапија со зрачење кога се заболени од рак. Со тестовите ова се открива пред почетокот на третманот. nova-gray.com

8. Re:3D е американска компанија предводена од поранешни научници на НАСА, а произвела евтин 3D принтер и за секој 100ти што го продаваат, донираат 1 на заедницата. re3d.org

9. Холандската компанија Canard Drones развила технологија за проверка на светлосните системи на авионските писти. Имено тој ја прави проверката со минимален трошок и попречување во сообраќајот на пистата безбедно и точно, а без потреба за затворање на пистите за време на проверката. canarddrones.com

палети од кокос

10. CocoPallet е холандска компанија која креирала палети од кокосови ореви. Тие би ги замениле дрвените, што за нашата планета би значело 500 милиони дрвја годишно. cocopallet.com
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија