X
 19.10.2015 Живот

Колку пари се потребни за среќа?

Добитникот на Нобеловата награда за економија годинава, Ангус Дитон пресметал колку пари се потребни за човек да биде среќен.


Пресметано за 2010 година, Дитон смета дека 75.000 долари годишно се доволни за човек да биде среќен. Оваа сума веројатно е граница над која растот нема да го подобри капацитетот на индивидуата во поглед на емотивниот живот и уживањето во слободното време, смета Дитон.

Тој соработувал до втор нобеловец, Даниел Канеман од 2002 година, за да ги истражуваат резултатите од анкетата на американскиот институт „Галуп-Хилтвејс“ во која учествувале околу 450.000 испитаници.

Но, анкета спроведена во Франција оваа година покажала дека минималната месечна сума по личност треба да изнесува 1.693 евра, а дека личноста се смета за богата доколку има најмалку 5.000 евра месечна заработка.

За споредба, износот од 75.000 долари годишно, или 6.250 долари месечно е еднакво на 5.500 евра месечно по домаќинство.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот