X
 21.10.2015 Образование

Средношколците со прашање до МОН: "Сакате ли реприза?"

Средношколците имаа повеќе маршеви изминатата учебна година, но зад себе имаат еден и од оваа учебна година, а тој се случи денес. Нешто после пладне, средношколците, професори и студенти се собраа во Градскиот парк и заедно тргнаа кон Министерството за образование за да се побунат против предложените реформи од страна на Министерството и односот на Министерството кон нив. 


Со маршот тие побараа полагање на државната матура според стариот концепт, рамноправно вклучување во изготвувањето на новиот концепт за полагање на државната матура на Средношколскиот пленум и укинување на екстерното тестирање.

- Ние тука моментално пишуваме историја за утре да делиме заедничка подобра иднина. Додека целиот свет чекори во насока максимално да ја искористи креативноста на младиот човек со технологиите кои на дневна база ги имплементира во образовниот процес, ние Министре, нè принудувате да размислуваме во рамките на четири одговори - порача средношколец пред своите соученици и професори.

Професор во средно училиште застана пред средношколците и им порача да не се плашат „од овие овде“. - Токму овие овде коишто не можам да ги наречам со никакво друго име освен овие, тоа се безгласни букви, обични мегафони - изјави професорот.

- Нивниот интерес е само кога ќе се појават некакви тендерчиња - додаде тој.

Фотографии од маршот пронајдете во галеријата.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование