X
 22.10.2015 Наука

Се воведува нова заменка во англискиот јазик - "ze"!

Јазикот се менува со текот на времето, а кога станува збор за нашите концепти на полот, времињата и тоа како се менуваат.

 

zee


Човекот станува отворен кон идејата дека бинарните принципи на родовите се непотребно ригидни и не соодвствуваат со авто-портретот на голем број луѓе, па дури и на чувството на луѓето за нивниот пол не може да одговара на нивниот биолошки пол. Во овој нов свет, ироничната опозиција меѓу тој и таа се чини дека е античка, па дури и за многумина навредлива.

Сепак, преземањето на нешто во врска со сето ова е вистински предизвик. Не само што се соочуваме со нови имиња за нови работи или активности, кое патем е лесно, туку и користиме нови заменки, што е навистина тешко.

Тешко е бидејќи човечкото сознание прави некои делови на јазикот да бидат поотпорни на промени од други. Именките, глаголите и придавките на пример се слични на еден софтвер. Некако природно е тие да бидат додадени, одземени и ревидирани.

Очекуваме да се променат од ера во ера - се разбира сега имаме блогови и тверкинг, нешто што го немавме пред 20 години.

Заменките пак, се зборови од затворена класа. Како кратенка за било што или концепт, тие се користат често и толку несвесно што повеќе личат на хардвер. Нов предмет или практика е една работа - но нов „ти“ или „него“ или „неа“?

Потешко е да се навикнеме на идејата да менуваме нешто што е когнитивно основно.

Пред 6.000 години, предците на повеќето од денешните европски јазици користеле заменки кои звучеле приближно како „мене“, „ти“, и „ние“. Ова е причината зошто претходните обиди да се обликуваат родово неутралните заменки не беше возможен и зошто денешната еволуција на денешното „зе“ е тешка за прифаќање. Пристрасноста сама ја игра својата улога, а новите заменки бараат ментален напор.

Ако англофоните прифатат нови заменки за новите времиња, ќе бидат потребни две работи. На пример, вистина е дека една работа која им помага на луѓето да го менуваат користењето на заменките е срамот. На пример, од сите правила во англискиот јазик кои се учат на училиште, како на пример дека се вели fewer books, наместо less books, само едно правило луѓето до ден денес го користат удобно. Тоа е правилото кога човек вели „Billy and I went to the store“ отколку „Billy and me went to the store“, бидејќи „me“ е погрешно.

Ова е правило кое никој не го наметнал во англискиот јазик се` до пред 100 години, и го нема во многу други јазици како на пример францускиот и шведскиот. Сепак, во нашите глави е успешно ставено како знак за основна интелигенција и коректност.

Се надеваме дека заменката од типот „зе“ нема да биде со сила наметната. Сепак, постои простор за презентирање на „зе“ како прашање на основната учтивост - луѓето мораат да измислуваат нови заменки бидејќи тоа е соодветно на она што се случува денес.

Со оглед на промената на употребата на заменките во општеството, денес се актуелизираат старите заменки и старите изрази и тие добиваат нови функции. Европските јазици, како на пример францускиот користи множина „vous“ за да му се обрати на една личност со почит. Шпанскиот еквивалент на овој збор е „usted“, а започнал како „vuestra merced“ (ваша милост), а не како нов збор.

Англискиот јазик ја користеше заменката „they“ (тие) во еднина. Во едно старо издание на „Vanity fair“, Вилијам Такереј пишува: „A person can't help their birth“. Денес ние спонтано ја користиме реченицата „Tell each student they should hand in the paper on Tuesday“. Сепак, ова е уште една од оние работи кои може да се каже дека е знак за незнаење бидејќи „they is plural“. Сепак, нашите нови времиња велат да поминеме преку оваа идеја, што не е проблем бидејќи отсекогаш била апсурдна.

Впрочем некогаш „was“ беше во множина, додека „thou“ се користеше во еднина. Денес „is“ е еднина. На истиот начин „they“ е и еднина и множина. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука