X
 05.04.2019 Наука

Истражувачите ги идентификуваа најголемите лажговци во светот

Ако едно ново истражување е некаков показател, тогаш постои епидемија на лажговци.

Тоа е заклучокот на истражувачите од Универзитетскиот колеџ во Лондон, односно неговиот институт за образование, по спроведувањето на истражувањето меѓу 40.000 тинејџери од целиот свет.

Конкретно, истражувачите се фокусирале на 15-годишниците од девет земји каде што англискиот е официјален јазик. Тие покажале со прст на доста специфична група.

-  Момчињата се поголеми лажговци отколку девојчињата, децата од повисоки социоекономски средини имаат тенденција да лажат повеќе од оние од пониските, а Северноамериканците се најголеми лажговци - изјави Џон Џерим, водечки автор на истражувањето.

Тој објаснува дека на 15-годишниците им била дадена листа со 16 математички концепти и биле прашани со колку од нив се запознаени, а требало да одговорат на скала од „никогаш не сум слушнал/а“ до „добро го познавам, го разбирам концептот“.

laga
Фото: Shutterstcok


Но листата исто така вклучувала и три целосно измислени концепти: правилни бројки, субјективно скалирање и декларативни функции.

Погодете кој често лажел со оцената „добро ги познавам“?

- Откривме дека машките учесници имаат поголема веројатност да лажат за нивното знаење за лажните конструкции повеќе од женските учеснички. Ова важи и за испитаниците од сите девет земји, иако разликата меѓу половите е значително послаба во Северна Америка отколку во Европа - рече Џерим.

Од друга страна, испитаниците од Северна Ирска и Шкотска биле поискрени во нивните одговори.

Зошто одредени групи измислуваат, додека други го признаваат своето незнаење? Џерим вели дека културата „позитивноста на Северноамериканците и намуртената природа на Шкотите“ игра голема улога.

Северноамериканците можеби сакаат да прикажат позитивна слика, додека Шкотите сакаат да го кажат нештото онака како што е.

- Aмерика е позитивно место бидејќи е вештачка популација преполна со луѓе со соништа и аспирации. А ние сме песимистите - вели Керол Крег од центарот за доверба и благосостојба во Глазгов.

Истражувачите сугерираат дека тинејџерите од богатите семејства исто така може да се под дополнителен притисок да ја излажат компетенцијата, особено затоа што имаат поголема веројатност нивната лага да помине.

Тоа не значи дека не треба да купиме автомобил од богато 15-годишно момче. Секој во одреден момент кажува лаги. Вистинското прашање е колку далеку во животот можат да нè одведат лагите.

- Сите добиваат прашање на интервју за работа што не можат да го одговорат. Ако сте ефективен лажго, тогаш може да успеете - вели Џерим.

Токму така деца. Можеби не ве учат на училиште, но голем фактор во создавањето пријатели и влијанието врз луѓето е ефективното лажење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука