„Википедија“ претставува добар начин на претставување на минатото и историјата, иако секој може да уредува статија таму. Сепак, интернет-енциклопедијата стана авторитативна во целиот свет во поглед на знаењето и фактите. Но, „Википедија“ функционира добро и за иднината.
Повеќе уредници од „Википедија“ направиле
модел на иднината со кој се обидуваат да погодат настани кои ќе се најдат на страницата во соодветната година.
Времепловот изгледа вака:
2016 - Летните олимписки игри се одржуваат во Рио де Жанеиро, Бразил.
2017 - повеќе научници се обидуваат да ја направат првата синтетичка микроскопска габа.
2018 - Завршување на Кралската кула во Саудиска Арабија, највисоката зграда во светот.
2019 - Подготовки за филмот „Blade runner“.
2020 - Лондонската меѓународна железница започнува да се користи.
2024 - Светското население ќе брои 8 милијарди.
2027 - Ќе биде отворен извештајот за аутопсијата на Елвис Присли, 50 години по неговата смрт.
2029 - Дигиталната временска капсула „Порака од Земјата“ ќе стигне до дестинацијата, планетата Gliese 581c.
2030 - Саудиска Арабија повеќе нема нафта за извоз.
2034 - Алберто Фуџимори, поранешен претседател на Перу, е пуштен од затвор на возраст од 96 години.
2039 - Подготовки за анимираната телевизиска серија „Batman beyond“.
2041 - Завршување на проектот за железница од Москва до Њујорк.
2048 - Првата полна месечина на 29 февруари од 1972 година.
2051 - Населението на САД брои 400 милиони луѓе.
2058 - Сè од Битлси влегува во јавен домен.
2061 - Можност за комерцијално минирање на Месечината.
2068 - Првиот подводен град.
2095 - Според сегашните трендови, половата еднаквост се достигнува во оваа година.
2300 - Планот на Google за индексирање на сите информации во светот може да биде реализиран.
1000000000 - проценето време за проект за промена на орбитата на Земјата за компензација на зголемената топлина на Сонцето.