X
 06.04.2018 Технологија

„Мозила“ го претстави пребарувачот на иднината – „Фајерфокс ријалити“


Лого „Фајерфокс ријалити“
(Фото: Mozilla)


Пред десетина години, на интернет сурфавме главно преку компјутерите, денес и натаму го правиме истото, но за голем број луѓе примарни уреди за прегледување содржини  на интернет им се паметните телефони и таблетите. Со оглед на брзиот развој на технологијата, се отвора прашањето на какви уреди ќе сурфаме по мрежата за десетина години.

Повеќето технолошки компании вложуваат големи ресурси во виртуелната и проширената реалност, а во „Мозила“ исто така веруваат дека оваа технологија ќе доминира во иднина, па затоа уредите базирани на виртуелна и на проширена реалност ќе бидат доминантни уреди преку кои ќе пристапуваме до интернет.

Затоа оваа компанија веќе денес го подготвува првиот пребарувач што го развива од нула, а првенствено ќе биде наменет за уредите за виртуелна и проширена реалност – „Фајефокс ријалити“.

На блогот на „Мозила“, најавувајќи го новиот пребарувач, се напоменува дека нивната мисија е да придонесат интернетот да биде отворен и достапен ресурс кој на прво место ќе ги става луѓето. Заради тоа сега веќе мислат и на иднината, па вложуваат време и ресурси во нови технологии што доаѓаат – како и во реалноста.

Како што ќе се развиват новите технологии, но и глобалната мрежа, „Мозила“ уште сега сака да биде подготвена за сите предизвици кои ќе се појават со таквиот развој и со новитетите, така што на корисниците веднаш им нудат едноставно искуство на сурфање по интернет и во виртуелна реалност.

Компанијата не објави некои поконкретни детали за „Фајефокс ријалити“ иако се знае дека ова повеќе ќе биде платформски прегледувач со отворен код кој ќе биде многу брз, а големо внимание се посветува и на приватноста, иако сè уште не знаат како ќе изгледа приватноста на тие нови медиуми.

Важно е да се напомене дека ова е интернет-пребарувач кој ќе биде изграден за во иднина. Виртуелната и проширената реалност , како што напоменуваат во „Мозила“ и натаму се „дивиот запад“ каде има многу непознати. Сето ова е ново и постојано се менува, па во „Мозила“ ќе посветат доволно време за пронаоѓање на одговори на многу прашања поврзани со виртуелната реалност и начинот на користење интернет во таквата реалност.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија