X
 22.12.2015 Култура

Како Едисон ја замислил иднината пред 100 години?

Во 1900 година, инженерот Џон Елфрет Воткинс спровел анкета на научниците кои биле популарни и активни тогаш за идината на светот. Некои ја замислувале годината 2000-та како радикално различен свет. Во 1911 година, Томас Едисон направил свои предвидувања за светот кој го замислува за 100 години оттогаш за списанието „Космополитан“.


Меѓу другото, тој предвидел брзо исчезнување на парната енергија и возење на електрична енергија. Потоа, „патникот на иднината ќе патува во воздухот, со брзина од двестотини милји на час, со што ќе може да појадува во Лондон, да работи во Париз и да руча во Чипсајд“.

Што се однесува до куќата на иднината, Едисон ја замислувал украсена со челик од подрум до таван. Но, овој челик го замислувал лесен. Бебето на 21-от век е замислено во челично креветче, таткото во челична столица, а мајката средувајќи челичен мебел.

Едисон предвидувал замена на циглите со бетон. „Нов бетон ќе може да стои практично засекогаш. До 1941 сите градби ќе бидат од нов бетон, од најубавите палати до највисоките облакодери“.

Како и многу други футуристи од изминатиот век, Едисон предвидел свет во кој технологијата ја елиминирала сиромаштијата. „Луѓето започнале да ги користат своите мозоци и сиромаштијата се намалува. Нема да има сиромаштија во светот стотици години во иднината“, изјавил тој.

Книгите од иднината на Едисон би се печателе во мали изданија, за секој читател да има мали библиотеки дома. Машините, пак, би станале делови од нешта и ќе се спојуваат самите наместо луѓето да мора да ги составуваат.

Едисон верувал и дека светот ќе живее во универзален мир пред да се случи нова голема војна. Златото, пак, било нешто што минува за него. „Тоа ќе биде често и евтино како железото или челикот“, изјавил Едисон.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура